сабота, 17 мај 2025

ВМРО-ДПМНЕ го вперува прстот кон СДСМ за тврдењата дека уставните измени се последно барање на Бугарија

СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат. Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, Бујар Османи, две години тврдеа дека уставните измени ќе бидат последно барање на Бугарија, иако ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тоа нема да е случај. СДС лажеше свесно, велат од ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што сите го знаеја и на кое предупредувавме, сега го кажаа и од самата Бугарија.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, јасно кажа дека уставните измени нема да бидат последно барање.

Да не беше ВМРО-ДПМНЕ и промислената и државничка политика, СДС ќе ја заглавеше државата.

СДС се синоним за криминал, неспособност и предавства“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ