среда, 31 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ го прашува Герасимовски дали е заобиколен законот при доградбата на ОУ „Коле Неделковски“

Дали катноста во основното училиште (ОУ) „Коле Неделковски“ одговара на урбанистичкиот план или законот е заобиколен, го праша денеска ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Од партијата велат дека добиле информации од родители на ученици во ова училиште, кои се сомневаат во градбата на доградените објекти.

Објавено на

часот

Сподели

„Затоа, го прашуваме Горан Герасимовски, дали од 1 септември, нашите дечиња од Центар и ОУ ‘Коле Неделковски’, учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измена во тек на градба? Дали е точна информацијата дека за да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во технички простории? Дали договорените и доградените делови во училиштето се диво изграден објект? Доколку овие информации се точни, тогаш безбедноста на нашите деца е директно загрозена затоа бараме одговорност од градоначалникот за овој објект. На Центар му се потребни промени, промени коишто треба да се случат веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ