понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСM и Филипче дека повторно тргуваат со националните интереси со Бугарија

СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси. СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат сè, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихаќка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ,

Објавено на

часот

Сподели

„СДС и Филипче овој пат како параван за предавството, ја користат резолуцијата со ‘црвени линии’, на штета на македонските државни интереси.

Резолуцијата со црвени линии на СДС и Филипче не е патриотски чин за Македонија, таа е маска зад која се преговара, пазари и дополнително се потчинува и понижува Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во контекст на искажаните сомнежи од партијата на власт упатуваат прашања до опозициската СДСМ.

„Филипче да каже на јавноста што договорил во четири очи со Бугарија? Филипче да одговори на јавноста што ветил на Софија, за што се испазарил и која е цената што Македонија ќе ја плати? Филипче да каже дали по стапките на неговиот ментор Заев сега тој ја превзема улогата да ја заврши работата што ја започнаа Бујар Османи и Заев за да ги распродаваат државните интереси?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, потсетуваат дека народот памети и нема да дозволи да биде изигран.

„Народот ги препознава игрите на СДС и Филипче за потчинување на Македонија и македонските позиции. Токму затоа СДС и Филипче на овие избори ќе доживеат огромен пораз.

Доколку Филипче е искрен во намерите тогаш би ги поддржал позициите на Владата, а не да се пазари и да се обидува политички да профитира на штета на националните интереси“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека остануваат да ги штитат македонските национални интереси и нема да дозволат Македонија да биде понижена и уценувана.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ