понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС

„Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС. Историски дебакл доживеа некогаш големата СДС, а резултатите од локалните избори се јасен показател дека оваа партија тоне во ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата посочуваат дека на локалните избори СДС освоила околу 126 илјади гласови на советничките листи, што е, како што нагласуваат, најлош резултат во историјата на партијата.

„Или во број на советници – СДС има само 230, што е за 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Споредбено со 2021 година, СДС има загубено околу 110 илјади гласови и приближно 170 советнички места,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека поразот е уште поголем ако се земе предвид дека СДС на неколку места во државата е дури трета, четврта или петта партија.

„Такви се случаите во Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС го изгуби и својот бастион – Струмица, и тоа уште во првиот круг. Тенденциите се дека ќе ги изгубат и речиси сите општини каде што се влезени во втор круг, токму од ВМРО-ДПМНЕ,“ се наведува во реакцијата.

Од партијата бараат итна оставка од лидерот Филипче и длабоки реформи во СДС.

„Срамни се овие резултати на некогаш големиот Социјалдемократски сојуз. На државата ѝ е потребна опозиција која ќе биде вистински коректив, а не партија водена од човек без кредибилитет,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ