среда, 20 август 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ги внесува Бугарите во Устав, откако тие ни ги избришаа јазикот и идентитетот

Неспособноста и некомпетентноста на СДС и Филипче ја гледаме на дело. Иако Бугарите насекаде низ Европа велат дека ние сме нивна покраина, а јазикот нивен дијалект, Филипче ќе се истепа да ги внесе во Устав. Но што повеќе да очекуваме од бугарскиот ас во Македонија – тандемот Заев и Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, каде вели дека францускиот предлог со услов за уставни измени е веќе 3 години на маса.

Објавено на

часот

Сподели

„Луѓето кои го променија името, ја испокрадоа државата, нè срамеа во Брисел и ЕУ, сомнежи за криминал и корупција се синоним за Заев и Филипче, тие пак потврдија дека ако се на власт ќе ги внесат Бугарите во Уставот. Филипче и Заев не престануваат да им се додворуваат на Бугарите, мислејќи дека тоа ќе ги донесе на власт. Очајот го натера Филипче да ја нападне Велика Британија, со тоа се стави во редот на Русија и Кина. Филипче само што ја обвини Велика Британија за корупција, иако знае и иако официјалните британски претставници кажаа дека Британија има најстроги стандарди против корупција. Наместо да се радува што Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да потпише таков стратешки договор со една од најголемите светски сили и економии, тој клевети и лаже“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата која е носечки коалиционен партнер во Владата, прашуваат “нејасно е само кому сака Филипче да му се допадне, на Русија и Кина?“

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче потврдил дека нема кандидат за градоначалник на Град Скопје.

„Јавно го повикуваме Мишко Ралев утре да каже дали ја прифаќа кандидатурата за Скопје. До толку СДС е на колена, што никој не им се нафаќа да биде кандидат за градоначалник на Скопје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ