„Филипче се обидува да ја повтори улогата на Заев, надевајќи се дека ќе дојде на власт ако се стави во целосна служба на туѓи интереси и агенди“, се наведува во реакцијата на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека поданичката и сервилна политика на СДСМ ја довела државата во, како што велат, „понижувачка позиција“, во која Бугарија отворено ги негира македонската нација, јазик и идентитет.
„Работи кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните бугарски политички кругови, денес се реалност, токму поради апсурдната и понизна политика на Заев и Филипче“, велат од партијата.
Според нив, СДСМ и Филипче ги распродаваат македонските национални интереси заради власт, лични профити и политички зделки, додека националните црвени линии, како што додаваат, одамна се избришани.
„СДСМ сѐ повеќе наликува на бугарска филијала, а постојат и сомнежи дека зад сите овие операции стои голема источна земја која има влијание и во Бугарија“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека навреме ги препознава и демаскира ваквите, како што ги нарекуваат, хибридни операции и уверуваат дека ќе продолжат со „заштита на националните интереси и достоинството на граѓаните“.






