понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и натаму под влијание на Заев во кадровските одлуки

Филипче продолжува да биде „спотер“ на Заев и да се потпира на кадри кои, според партијата, се дел од политичкиот круг на поранешниот премиер. Ова, меѓу другото, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата велат дека кадровските решенија на Филипче во СДСМ се носат под силно влијание на Заев и дека се поставуваат лица кои се сметаат за блиски до „кланот Заеви“. Како пример го наведуваат изборот на Александар Трајановски за потпретседател на партијата.

„Трајановски е човек од шинелот на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тој заедно со Заев и Филипче летово бил на луксузни јахти во Грција во периодот кога се одредувале кандидатите за градоначалници. Според партијата, иако Трајановски ги изгубил изборите во Аеродром, сепак бил поставен на новата функција „бидејќи е избор на Заев“.

Во реакцијата се наведува дека овој потег на Филипче ја зацврстува перцепцијата дека кадровските решенија во СДСМ и понатаму се диктираат од Заев, кој, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, сè уште ја контролира внатрешната структура на партијата.

„На Македонија ѝ е неопходна конструктивна опозиција, дистанцирање од старите структури на моќ, преземање одговорност и реформи“, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ