„Зборува за буџетска дупка, а го заборави периодот кога СДС ја празнеше касата, а државата ја задолжуваше без план и одговорност. Денес, кога некој конечно ги средува работите, тие глумат загрижени. Наместо одговор зошто СДС нема политика, нема визија и нема поддршка, тој нуди приказни за згради во Дубаи, патувања и измислени афери.
На крајот, ниту збор за решенија и предлози. Ниту за плати, ниту за економија, ниту за иднина. Само уште еден прес за да се создаде врева и да се скрие фактот дека СДС денес нема што да му понуди на народот.
ПР стратезите на СДС и денеска помеѓу две тезги во БиХ и Србија, копираат исти наративи за полесно да им е. Но, не ги разбираме СДС и Филипче што немаат капацитет да проценат дека некој упорно ги лизга во зона на целосна нерелевантност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






