Во соопштението, партијата обвинува за наводни врски на Заев со, како што велат, „сомнителни бизнис партнери“, меѓу кои ги посочуваат Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко и Борче Марковски.
Од ВМРО-ДПМНЕ го отвораат и прашањето за наводна зделка поврзана со урбанистички план во Тетово во 2020 година, тврдејќи дека со тогашна владина одлука била овозможена значителна финансиска корист за Давидовиќ. Воедно, бараат одговори од Филипче за неговата евентуална поврзаност со случајот.
Партијата оценува дека актуелното раководство на СДСМ, предводено од Филипче, треба да се фокусира на внатрешна консолидација, наместо на политички теми надвор од државата, предупредувајќи дека, во спротивно, партијата може да се соочи со дополнителен пад на политичката сцена.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека, според нив, е неопходно институциите да ги испитаат сите наводи поврзани со, како што наведуваат, можни злоупотреби.






