Од партијата велат дека наместо увозна пченица, која во минатото била купувана по повисока цена, сега резервите ќе се полнат со домашно производство.
„За време на владеењето на СДС, стоковите резерви се полнеа со пченица од странство, купена за 25% поскапа од берзанската цена, односно по 27 денари за килограм, што беше за шест денари поскапо. Профитот од ваквите зделки завршуваше кај посредниците, а сега целата добивка оди директно кај македонскиот земјоделец,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека со оваа мерка се штити интересот на државата и се обезбедува сигурен пласман за домашните производители на пченица.






