„Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.
Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.
Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.
Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината, здравството и дигитализацијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.