„Коцевски го водеше обвинителството речиси две години и не направи ниту една реформа. Напротив обвинителството во време на Коцевски делуваше во заштита на криминалите на СДС и ДУИ и нивните функционери.
Тактизирањето на Коцевски и задоцнетата оставка е показател за длабоките проблеми, корупцијата и обидот да се зачува статус квото на обвинителството.
Коцевски е првиот на кого парламентот му изгласа недоверба, но тој не пропушти да тактизира за да извлече барем ден плус во заштита на функционерите на СДС и ДУИ.
Со оставката на Коцевски се става крај на темниот период во обвинителството како партиски механизам за заштита на СДС и ДУИ. Оставката на Коцевски не е персонално туку системско решение и е јасна порака дека никој не е недопирлив.
Дали тактизирањето со оставката на Коцевски се купуваше време за неговите наредбодавци? Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за висока корупција на функционери од СДС и ДУИ? Оставката на Коцевски е победа за правната држава, крај на партизацијата и почетокот на европеизацијата. Ова не е крај туку почеток на неселективна и навремена правда.
ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира за независно, професионално и департизирано обвинителство.
ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на реформи во правосудството за навремена и неселективна правда каде ќе се почитуваат законите и владеење на правото.
ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на градење на институциите и враќање на довербата на граѓаните во правосудството“, соопшти партијата.






