сабота, 13 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да поднесе оставка од пратеник откако стана кандидат за градоначалник

Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да поднесе оставка, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако денеска Левица објави дека Амар Мециновиќ ќе биде нивен кандидат за градоначалник на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваа на изјавата на лидерот на Левица Димитар Апасиев од октомври 2021 година кога ги повика пратениците кои се кандидираа за градоначалници и не освоија доверба од граѓаните – да поднесат оставки од пратеничката функција.

„Очекувам, моите колеги-пратеници кои се кандидираа за градоначалници и не освоија доверба од граѓаните – да поднесат оставки од пратеничката функција. Оти, според хиерархискиот ‘Ред на честа’ (Cursus honorum), пратеничката функција е над градоначалничката! Не можете да бидете претор, ако не исполнувате услови ниту за едил!? Кога не сте освоиле доволно гласови ниту за помалата, а љубоморно и неетички си ја чувате поголемата функција – тоа значи дека немате морален компас, а ниту легитимитет веќе да ги претставувате граѓаните. Сте се обиделе да ја шитнете пратеничката функција која ви е доверена и не сте успеале. Ред е да си заминете од законодавниот дом. Спротивното значи дека вашите лични интереси (за државна плата и нереални патни трошоци) ги ставате пред народните. А тоа народот го гледа и не го заборава“, напиша тогаш Апасиев на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ