„Со тоа ние ќе стекнеме доверба во нивните намери, кога велат дека проблем за почнување на преговорите со Европската Унија се само внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Но, Бугарија сè уште никаде ја нема да соопшти став по овој предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. Нашето изнесување на овој предлог беше од причина јавно и јасно да се покажат бугарските намери. Бугарија би го прифатила предлогот и заедно би ја поднеле резолуцијата, ако е искрена додека вели дека не го оспорува нашиот идентитет и јазик. И второ, доколку не е искрена, тогаш Бугарија по секоја цена ќе ескивира и нема да ја поддржи идејата за заедничка резолуција. И во моментов сме сведоци како соседната држава бега од оваа идеја, а со тоа го покажува и нејзиниот вистински став кон Македонија, кој не ниту демократски, ниту добрососедски, а ниту пак човечки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата повторно констатираат дека тоа што се зборува од некои кругови во Бугарија, го отсликуваат наративот на целосна негација на македонската самобитност, нешто што се поистоветува со ставот на Русија кон Украина и украинскиот народ.
„Ние Македонците немаме потреба од некакво признавање, затоа што добро знаеме кои сме и што сме, а и светот добро знае. Но, негирањето кое доаѓа од страна на Бугарија е опасен преседан кој во темел би ги поткопал основните човекови права.Но, ваквото негирање на цел еден народ на јавна сцена, треба да го вклучи алармот на цивилизираниот европски свет. Европската Унија не треба да дозволи Македонија да биде жртва на политики и практики од 19 век, кои се политики на негација на самобитноста на македонскиот народ, налик на тие што против Украина ги применува Русија.
Македонија не бара многу, бара само како македонски народ да имаме ист третман како сите останати, затоа што ние сме добар сосед и рамноправен член на НАТО кој активно придонесува кон европската безбедност“, се порачува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






