недела, 7 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се огради од „нивниот мегафон Тричковски“

Немајќи што да му понуди на македонскиот граѓанин, СДС се потпре на нејзините мегафони кои шират омраза и повици на насилство, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на последната објава на социјалните мрежи на новинарот Бранко Тричковски.

 

Бранко Тричковски

Објавено на

часот

Сподели

„Безидејниот СДС, политиката и изборната кампања ја сведе во поле на омраза, наместо натпревар на идеи, проекти и визија. Во врска со настанот од пред некој ден за лажна дојава на бомба во центарот на Скопје, долгогодишната перјаница на СДС, Тричковски на социјалните мрежи, со многу морбиден речник пишува дека ‘најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан’.

Ваквиот јавен повик за убиство не е и не може да се смета за слобода на говор, ниту метафора, тоа е повик за криминален акт против животот на друг човек“, се вели во соопштениеto на ВМРО-ДПМНЕ

„Исто така, овој испад не е изолиран случај или дело на лице со нарушена психолошка состојба, туку тоа е резултат на очајот во кој се пропаднати СДС и нивниот политички банкрот. Ова не е еден човек што зборува сам за себе, туку ова е гласот на очајот на СДС, кој се слуша преку нивните медиумски издувни вентили.

Многу е јасно кога гласноговорниците и мегафони на СДС повикуваат на распарчување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер во период на изборен процес, тоа не е црн хумор, туку црна кампања насочена кон создавање страв, поделби, дестабилизација.

Меѓу другото, треба јасно да се потенцира и одговорноста на медиумите кои ги пренесуваат овие пораки, дали тоа го прават по налог и како дел од сценарио, или затоа што веруваат и се согласуваат со она што тој го пишува.

Затоа што сите кои го споделуваат, оправдуваат или ќе го штитат овој човек се соучесници во поттикнувањето и нормализирањето на опасната реторика. Токму поради тоа ги повикуваме надлежните органи да проверат дали Тричковски има формални врски со политички структури, а СДС јавно да се оградат од овој срамен чин. Ако СДС молчат, тоа ќе биде доказ дека ја одобруваат ваквата морбидна реторика и дека стојат зад неа“ се вели во соопштението. .

Новинарот Тричковски вчера бил повикан на информативен разговор во полициската станица Лисиче поради коментар објавен на неговиот профил на Фејсбук, за кој полицијата соопшти дека има добиено пријави и реакции од јавноста.

На Фејсбук Тричковски објави: „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“ „Христијан е општо име за манипуланти кои шират атмосфера на страв и несигурност…“.

Тричковски во својот јавен статус објасни дека очекувал такви реакции и дека коментарот бил намерна „јадица“ насочена кон партиски структури.

Против Тричковски досега биле покренати неколку постапки, но до денес нема евидентирана правосилна пресуда за говор на омраза или закани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ