понеделник, 14 јули 2025

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се извини што лажеле за Кочани

СДС прави груба злоупотреба на трагедијата во Кочани со цел да добие политички поен плус. Обвинувањата на СДС дека институциите постапуваат под притисок на опозицијата е безочна лага. Сега институциите постапуваат професионално и неселективно, во однос на трагедијата во Кочани досега опфатени се голем број сегашни и минати функционери а некои се и во притвор, се наведува во денешното соопштение на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до Јавното обвинителство (ЈО) уште пред еден месец. МВР ги има обезбедено сите докази по кои постапува ЈО и презема акции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Задача на ЈО, врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена е да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека на било кој начин е виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани. Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и се е опфатено во документацијата. Сериозен е обемот на документацијата,  фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој еден кој можел да има вина е доказ за тоа. Огромна е разликата од МВР сега и од МВР под водство на Спасовски и СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и СДСМ биле опортунисти и секоја околност и ситуација ја искористувале за извлекување сопствена полза и корист или за теснопартиски интерес.

„СДС да не бидат дволични и да кажат колку лица беа опфатени со истрагата за Модуларната болница, колку во Беса Транс и Ласкарци? Нула. Сега одговорност има за секој без разлика кој е и од каде е“, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ