„Судството со 2% доверба и натаму тоне, а на кормилото, јавниот обвинител Коцевски сè уште ги штити криминалците кои го изгласаа, а тоа се СДС и ДУИ.
Во јавноста излезе нов скандал, за кој ОЈО води предистражна постапка и процесот тука е застанат. Во случајот опфатени се поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен“, наведува Манасиевски.
Во своето обраќање, Манасиевски вели дека јавноста заслужува да знае и прашува зошто овој случај се крие од неа.
„Дали затоа што штитат и кријат некој од СДС и ДУИ, и со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста? Зошто изминатава година, не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери од СДС и ДУИ? Дали Коцевски сè уште ги штити неговите наредбодавци? ЈО и Коцевски да си ја фатат работата, бидејќи таму се за да донесат правда, а не да кријат пријави по фиоки и да штитат лица блиски на СДС и до ДУИ“, порачува Манасиевски.
Неодамна, токму Мкд.мк пишуваше, според добиени сознанија, дека поранешните обвинители на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, се наводно вмешани во нов скандал со рекетирање. За овој случај се води предистрага во Основното јавно обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција и се прибираат докази за да се види дали ќе се отвори истрага за овој случај.






