„Филипче молчи и за 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година.
Молк од Филипче и за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче.
Филипче не дава одговор ниту за аудито Q8 кое го возеше и во предизборната кампања а е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ“, се вели во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, кланот Заеви и Филипче создале криминална шема од фирми преку кои профитирале милионски суми од препродажба на јаглен во моменти кога државата била во енергетска криза, а граѓаните плаќале поскапа струја.
„За овие криминални шеми на Филипче, Заев и Зобек мининг одговорност мора да има. ЈО да отвори истрага и да поведе постапка“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.