четврток, 2 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ бара да не се манипулира со трагедијата во Кочани

СДСМ денес уште еднаш покажа дека за нив нема ништо свето – ни болка, ни сочувство, ни национална трагедија, рече денеска на прес конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека целата држава жали, тие се служат со подмолни политички калкулации. Наместо да покажат државнички дух, СДС одбраа да поставуваат прашања за кои и самите добро знаат дека се дел од активна истрага, предводена од институции што работат со целиот капацитет и со огромна свесност за големиот интерес на јавноста и општеството за брзи, но праведни резултати. Сепак, ценејќи ја јавноста и настојувајќи по секоја цена да го оттргнеме и најмалиот сомнеж, јасно истакнуваме дека Владата и органите за истрага од првиот момент реагираа – има веќе голем број на приведени лица, а истрагата продолжува со несмален интензитет“, рече Петрушевски.

Тој рече дека СДСМ која говори за селективна правда е токму симбол на таа селективност.

„Не можат да го извадат народот на улица со лаги, затоа што народот добро памети. И токму затоа сега сакаат да го претворат гневот во политичка стратегија, да го насочат револтот кон Владата, надевајќи се дека повторно ќе се вратат на власт преку улица – а не преку избори. Апелираме до јавноста дека ова не е битка помеѓу партии туку дека ова е битка за правда и институциите ќе ја истераат до крај. Ќе има одговорност – и индивидуална и институционална. Но, нема да има дозвола за манипулација, за злоупотреба на жртвите, и за ново сценарио за дестабилизација во момент кога државата се обидува да застане на нозе“, рече Петрушевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ