„Дали тоа е забрането? Значи ли тоа дека за Бујар, Али, Заев, Филипче и другите корумпирани колеги важат други правила – дека ним сè им е дозволено? Тие што така мислеа, денеска се таму каде што им е местото, во опозиција. Кога ДУИ се фатени во криминал и корупција, тоа не е напад врз Албанците, туку разобличување на мафијашката мрежа која ја користеше етничката карта како параван.
Јасно е: криминалот не се исплати повеќе. Следува одговорност. Народот избра промени и еднаквост, а не корупција и клиентелизам. ДУИ може да се крие зад етнички знамиња, но од правдата и од народната пресуда нема да се скрие“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






