И покрај тоа, за четири години се вложуваше и се направи многу.
Се изградија и реконструираа улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри и вредност од околу 100 милиони евра, 46.840 метри нови водоводи, додека канализации во должина од над 91 илјади метри.
Изградени или во завршна фаза на градба се 7 пазари од затворен тип, меѓу кои во Штип е целосно изграден новиот полузатворен градски пазар на површина од 1.200 м2 и обезбедени паркинг места, исто како и во Велес каде новиот покриен пазар е завршен после долги години, додека во Радовиш е во завршна фаза на изградба и истиот ќе има простории за трговија, катна гаража и канцеларии.
Изградени или во завршна фаза на градење се 12 пречистителни станици, меѓу кои целосно завршена е пречистителната станица за отпадни води во село Видовиште, во вкупна вредност од 1,9 милиони денари.
Посебно внимание се посвети на младите и образованието, при што реконструирани и модернизирани се над 400 училишта, каде во некои се прошируваа капацитетите, создавајќи услови за едносменска настава, а завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта и детски рекреативни терени.
Се вложуваше и се градеше низ цела држава, така во општина Охрид изградени и реконструирани се 20-тина повеќенаменски спортски и детски игралишта, во Демир Хисар две игралишта за кошарка и тенис, во Илинден беше пуштен во употреба нов фудбалски терен, како и спортски центри во Стајковци, Хиподром, Инџиково и Идризово, Гази Баба.
На голем број училишта поставени се фотоволтаици, а во голем број на општини обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства.
Згрижувањето на децата во градинките беше еден од главните приоритети на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и за таа цел се инвестирани над милијарда денари за реконструкција и модернизација на над 70 детски градинки и изградба на неколку целосно нови.
И се ова не се само бројки, туку конкретни проекти кои се видливи и мерливи и кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






