Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со претежно суви коловози, а надвор од градските средини интензитетот на возење е умерен.
АМСМ посочува дека е потребно прилагодено движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Овие делници вклучуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Возачите се повикуваат на трпение и внимателност, особено кога се движат по планинските и руралните делови на државата.






