петок, 25 април 2025

Власта вети дека ќе го обнови споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје

Добивме цврсти уверувања од премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски и министрите за внатрешни работи и култура Панче Тошковски и Зоран Љутков дека ќе сторат сѐ во најбрз можен рок целосно да се обнови споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје и да се казнат виновниците за неговото сквернавење.

Објавено на

часот

Сподели

Ова денеска го соопштија претставниците на повеќе здруженија на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија по нивните средби со највисоките државни органи во врска со вандалскиот чин извршен врз споменикот симбол на голготата на децата бегалци за време на Граѓанската војна во Грција.
На 9 април споменикот кој се наоѓа во паркот Жена борец во центарот на Скопје беше сосема уништен, беше откорнат бакарниот рељеф, мотив на мајка со три деца и украдени буквите од натписот  „Татковината копнеж на прогонетите“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ