петок, 5 декември 2025

Владини повереници во 4 општини

Наредната недела Владата ќе назначи владини повереници во четирите општини во кои локалните избори беа неуспешни затоа што во првиот круг не беше исполнет законскиот цензус од една третина излезност на гласачите.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ги чекаат официјалните извештаи за локалните избори од Државната изборна комисија, по што Владата има рок од 15 дена да именува повереници и да ги информира ДИК и Собранието.

„Потоа Собранието треба да закаже нови избори во рок од 60 дена. На повторените избори ќе нема цензус. Следната недела очекувам да седнеме со коалициските партнери во Владата и да ги предложиме имињата на владините повереници во тие општини“, рече Мицкоски.

Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше во првиот круг од локалните избори не беше исполнет законскиот услов од 33,33 отсто излезност на гласачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ