понеделник, 8 декември 2025

Владата со историска одлука за продолжување на изградбата на Коридорот 8

Владата, предводена од коалицијата Вреди, преку Министерството за транспорт, најави нова фаза во изградбата на Железничкиот коридор 8, кој се оценува како еден од најважните инфраструктурни проекти за економскиот развој и регионалната интеграција.

Објавено на

часот

Сподели

Соопштението на Вреди нагласува дека Коридорот 8 не е само технички проект, туку има национална димензија и претставува „главна артерија што ги обединува Албанците и ја зајакнува нивната позиција во регионот“.

Владата донесе одлука за спроведување на Договорот за грант во износ од 3,7 милиони евра, обезбеден од Европската инвестициска банка. Средствата ќе бидат наменети за подготовка на нова проектна документација и постапка за тендерирање. Паралелно, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура започнува постапка за избор на надзор на изградбата, со што, како што се наведува, ќе се обезбедат ефикасност и транспарентност во реализацијата.

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, истакна дека Министерството е целосно посветено на унапредувањето на железничките проекти, кои ги гледа како клучни за економскиот развој, регионалната соработка и националната интеграција.

„Коридорот 8 ќе ги поврзе Албанците од Скопје до Тирана и Драч, правејќи ја нашата земја дел од европските транспортни коридори и мост на соработка меѓу Албанците каде и да живеат“, стои во соопштението на Вреди.

Оттаму додаваат дека ова е визија за „моќна држава, поврзана со Албанија и Европа, со конкурентна економија и модерни транспортни стандарди“, при што железничките коридори се нарекуваат „артерии на развој кои ќе го поттикнуваат напредокот на Албанците и на целата земја со децении“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ