вторник, 12 август 2025

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката за вонредна состојба е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението“, рече Митева.

Владата, како што посочи, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.

Ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ