вторник, 23 декември 2025

Владата прогласи 7-дневна кризна состојба во снабдување со електрична енергија

Владата на денешната редовна 138-ма владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии“, се вели во соопштението од Владата за одлуката за постоење кризна состојба во снабдувањето со струја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ