сабота, 3 мај 2025

Владата планира изградба на нов саемски комплекс во Скопје

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.

Објавено на

часот

Сподели

„Враќањето на ‘Скопски саем’ во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, изјави директорот Томовски, истакнувајќи го значењето на оваа иницијатива за развојот на економијата.
Даниела Глигоровска, директорка на „Скопски саем“, ги нагласи предностите од обновување на саемската активност, која веќе неколку години не се одржува во свој објект.
„Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање на нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата“, додаде Глигоровска.

На средбата беше договорено меѓуинституционалната соработка и поддршка да продолжи и во периодот што следи подетално да се разгледаат сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации, соопшти владината служба за информирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ