Митева најави дека проектот ќе биде финализран до средината на наредната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирање и целосната реконструкција.
Сегашната состојба на овој споменик, наведе портпаролката, не е резултат на негрижа од актуелната влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години.

„Реконструкцијата на споменикот ‘Македониумот’ почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат оставен без потребна заштита. Од тогаш до денес, цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита, што остави длабоки последици на овој значаен културен споменик“, рече Митева.
Истакна дека нема да бараат оправдувања и оти имаат обврска да го исправат тоа со преземање конкретни и одговорни чекори поради културната и националната важност на „Македониумот“.






