Владата, согласно законските процедури, има можност да направи промена на Комисијата за избор на кандидати на Македонија за судија во ЕСЧП, а новоизбраната комисија ќе утврди за понатамошниот тек на постапката. Воедно ве информираме дека причините поради кои Владата изврши избор на нова комисија е поради тоа што претходните предложени кандидати за судија во ЕСЧП не ги исполнуваа предвидените услови“, велат од Владата.
Одлуката на Владата со новите членови на Комисијата е објавена во Службен весник на 25 јули и сега наместо девет, брои пет члена.
Со новата одлука на Владата, членови на Комисијата се претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани, новата в.д. претседателка на Кривичниот суд, Даниела Димовска, претседателот на Основниот граѓански суд, Бесник Авдија, и директорката на Академијата за судии и јавно обвинители, Ирина Трајковска Стрезоски.
Владата проценила дека предложените кандидати што ги избрала претходната комисија не ги исполнуваат предвидените услови.
„Владата изврши избор на нова комисија е поради тоа што претходните предложени кандидати за судија во ЕСЧП не ги исполнуваа предвидените услови“, се изјасниле од Владата.
Секоја земја членка на Советот на Европа има резервирано судиско столче во Судот за човекови права во Стразбур. Постапката, како се избира тој судија, низ годините еволуира. Во моментов, со цел да се спречи политичкото влијание, државата предлагач прво спроведува внатрешна процедура по која предлага тројца кандидати. Квалитетот на тие тројца кандидати и начинот на кој се избрани ги разгледува панел во Советот на Европа, кој може да постави дополнителни прашања, да ја врати листата назад ако предлозите не се добри или, пак, да проследи дел или сите кандидати за избор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Македонската влада ја почна постапката за избор на кандидати за судија во Стразбур во првото тримесечје од годинава бидејќи во февруари 2026 година истекува мандатот на актуелниот македонски судија во Стразбур. Последна, деветта година, служи Јован Илиевски, поранешен шеф на ОЈО за ГОКК, универзитетски професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
.Со одлуката на Владата престанува да важи мандатот на претходните членови, меѓу кои беше и уставниот судија Осман Кадриу, а имаше и претставници од Министерството за надворешни работи, од Министерството за правда, од правни факултети, од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители.
Советот на Европа има пропишано правила за фазите низ кои поминува постапката на предлагање на судија во Европскиот суд за човекови права, така што доколку дојде до нарушување на овие правила, за тоа официјално ќе го известам Совет на Европа, вели кандидатката Ристоска.
Двајца од тројцата кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, обвинителката Ленче Ристоска и апелационата судијка Габриела Гајдова во изјава за Телевизија 24 бараат од Владата јавно да соопшти зошто донела одлука со која утврдила дека не ги исполнуваат предвидените услови.
„Ги следам случувањата околку одлуката на Владата за формирање на нова комисија која треба да ја продолжи постапка за предлагање на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Советот на Европа има пропишано правила за фазите низ кои поминува постапката на предлагање на судија во Европскиот суд за човекови права, така што доколку дојде до нарушување на овие правила, за тоа официјално ќе го известам Совет на Европа. Во врска со ставот на Владата дека кандидатите не исполнувале услови, во име на транспарентноста би било корисно Владата да соопшти кои кандидати не ги исполнуваат кои услови, како и во која постапка е ова утврдено”, вели обвинителката Ленче Ристоска за ТВ 24.
Кои услови не ги исполнува и како тоа владата го проценила, прашува и апелационата судијка Габриела Гајдова.
„За одлуката на Владата дознав од објава на интернет-портал. Доколку е вистина дека листата е вратена поради неисполнување на услови, би било во ред да знам кои се тие услови кои не ги исполнувам, со оглед дека Комисијата по оценка на сите аспекти и по спроведено интервју кое воопшто не беше лесно, оцени спротивно“, вели во изјавата за ТВ 24 апелационата судијка Габриела Гајдова.
Третиот кандидат, адвокатот Јордан Апостолски е недостапен за медиумите.
Јордан Апостолски, Ленче Ристоска и Габриела Гајдова ги исполнуваат сите услови а при одлучувањето за нив, Кадриу укажува дека Комисијата за избор „се водела од принципите на стручноста и моралноста на пријавените“
„На одлуката на Владата да не ја прифати листата од тројца кандидати за судии од Стразбур, која пред повеќе од два месеца ја изготви комисија формирана токму од неа и да се формира нова комисија која ќе направи нов избор, реагира и уставниот судија Осман Кадриу, кој беше член на Комисијата која го вршеше изборот.
Тој смета дека не може да стане збор за „неисполнувањето на предвидените услови“ како причина поради кој Владата одлучила да ја отфрли листата изработена од комисијата во која тој бил членувал.
„За да имаме квалитетен избор, ние одлучивме, по мој предлог, и во Деловникот се вгради одредба предложените, односно избраните кандидати од страна на Комисијата треба да добијат минимум двотретинско мнозинство. Значи од 9 членови колку што броеше Комисијата требаше 6 гласа да добијат. Тие тројца што се предложени од Комисијата се избрани со двотретинско мнозинство, сметајќи дека ги исполнуваат условите“, вели Кадриу.






