По одлуката на партијата Достоинство, чиј претседател е Стојанче Ангелов, кој е директор на ЦУК, се отвори прашањето за неговата директорска позииција.
Премиерот во техничката влада Талат Џафери изјави дека планира да предложи негово разрешување од функцијата.
„Премиерот Талат Џафери ми се јави, разговаравме, телефонски ме извести. Неговата изјава дека треба да се видиме. Јас сум директор именуван од оваа Влада. Но, она што тој сака да ме праша ние јавно го кажавме, ние јавно објавивме дека излегуваме од коалицијата со СДСМ“, изјави Ангелов.
Најaвата на Џафери дека ќе го разреши Ангелов доколку ја почнал постапката за излегување од коалицијата со СДСМ, директорот на ЦУК претходно ја искоментира во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Командант од УЧК ќе разрешува генерал на безбедносните сили. Колку тоа некому да не му се допаѓа, вклучително и на мене, непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е легитимен претседател на македонската Влада. Како премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување“, напиша Ангелов на Фејсбук.






