понеделник, 15 декември 2025

Владата ќе откупи 9.000 тони пченица и 2.400 тони ориз и оризова арпа

На владина седница донесовме одлука околу 9.000 тони да биде откупена пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024. Во првиот случај кај пченицата секој индивидуален производител може да конкурира со количина од 5 до 30 тона, а кај оризот и оризовата арпа 3 до 20 или 30 тона, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова за првпат се прави посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние кои одгледуваат пченица, така што ова за првпат како Влада го направивме со измени во законот, стана стратешка култура оризот и на тој начин сега и стоковите резерви ќе имаат ориз“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ