вторник, 8 јули 2025

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Со цел обезбедување услови и градење на институционални капацитети за спроведување финансиски истраги, конфискација на имот, поврат на имот и управување со конфискуваниот имот, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025-2028 со Акциски план, информираа вечерва од Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Владата со овој документ, се наведува во соопштението од владината прес служба, ја потврдува својата определба за борба против организираниот криминал и корупција, стремејќи се преку системски пристап да се зајакнуваат надлежните институции за спроведување финансиски истраги што би резултирало со конфискација на нелегално стекнатиот имот.

„И најдобриот стратешки документ е само парче хартија доколку нема резултати од имплементација на зацртаните цели и активности. Оттука, го унапредуваме степенот на мониторинг, па покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот се воведува и Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот“, велат од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ