Во изминатите 12 месеци, нагласи Филков, подготвени се и доставени се до Владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со Реформската агенда. Закони што, како што нагласи Филков, го засегаат правосудниот систем – изборот, оценувањето, платите, статусот и одговорноста на судиите и обвинителите, како и институционалните капацитети на Советите, вештачењето и службите во правосудството.
„Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилегираните. И ова е само почеток. Остануваме посветени и понатаму да работиме посветено, чесно, професионално и транспарентно со фокус на реформите, владеење на правото и подобрувањето на животот на секој наш граѓанин“, порача Филков.
По осум години во функција е ставена Комората на вештаци, се издавале лиценци и воспоставена била нова програма за полагање на испит, поништена била одлуката на претходната влада со која беше десеткратно зголемена нотарската тарифа, вратена била правдата и разумот во односите меѓу јавните служби и граѓаните.
„Во функција го ставивме системот за надоместок за жртви на кривични дела со насилство согласно законот. Ја отворивме канцеларијата на комисијата која што непречено работи. Со ова воспоставивме основа за практична примена на општестевната солидарност, заштита на човековите права и борба против секундарната виктимизација“, порача Филков.
По десет години во функција биле ставени и електронските алки за надзор на лица во куќен притвор и куќен затвор.
„Воведуваме похуман и поефикасен систем на извршување на санкции. Со ова ја прошируваме употребата на алтернативни мерки“, рече Филков.
По 14 години го овозоживме, додаде тој, целсоното функционирање на ситсемот ФЕМИДА за аудио и визуелно снимање на судските рочишта.
„Со овој чекор транспарентноста и одговорноста во судството не остануваат само наша заложба, туку и фактичка реалност“, изјави Филков.
Од осумте закони во Реформската агенда со рок до јуни 2025, седум се веќе испратени во владина процедура, од кои го истакна Законот за Судски совет, за кој нагласи дека „не се работи за декларативен пристап, туку за суштинска промена насочена кон градење транспарентен, отчетен и професионален Судски совет“.
„Министерството за правда изработи целосно нов Закон за Судски совет кој веќе е во владина процедура. Законот беше изготвен преку инклуизивен и траснпарентен процес, преку јавни дебати, експертски консултации и активно вклучување на сите релевантни чинители. Посебна потврда за ова е и позитивното мислење добиено од Венецијанската комисија“, изјави Филков, апелирајќи до пратениците на Собранието за препознавање на итноста и важноста од носењето на овој закон.
Во процедура се и законите за плати на судии, за плати на јавните обвинители и за плати на членовите на Судскиот совет и за плати на членовите на Советот на јавни обинители.
„Со овие закони се озовможува враќање на коефициентите на платите, пред нивното намалување во февруари и декември 2024 година. Целта на овие закони е да се подобри положбата на судиите и јавните обвинители во согласност со стандардите на ЕУ“, нагласи Филков.
До Владата, посочи Филков, се испратени уште два многу битни закони кои не се дел од реформската агнеда, а тоа се Законот за спречување на судир на интереси и Закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи.
„Тоа значи дека реформите се сериозни, европски, но пред се во интерес на граѓаните на Република Македонија“, порача Филков.
Во подготовка се уште десет закони, меѓу кои Кривичен законик, Закон за кривична постапка, Закон за судови, Закон за пробација, Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, Закон за помилување, Законт за здруженија и фондации, како и Закон за процена и Закон за судски буџет.
„Секој од овие закони е дел од визијата за модерно, фер и одговорно правосудство. Нешто, за што оваа Влада се залага уште од првиот ден“, рече Филков.
Филков, исто така, нагласи дека е формиран и нов Совет за координирање на информатичко комуникациската техенологија во правосудството, кој работи на дигитализација на целокупниот систем и негово меѓусебно поврзување.
„Резултатите се веќе видливи. Најчесто бараните потврди за неосудуваност веќе се издават во многу краток рок. Ова е само почеток на започнатите реформи“, изјави Филков.
Уште еден важен чекор за правичен и хуман третман, нагласи Филков е и првиот водич за бесплатна правна помош за барателите на азил, едукативната кампања „Наша надлежност, твое право“, а склучени се меморандуми за сорботка со земјите од регионот и неколку правни факултети од земјава со што се создава основа за потесна врска меѓу академската заедни и институциите во правосудинот сектор.
Имајќи ги предвид случувањата во Судскиот совет кои предизвикаа бурни реакции во јавноста, Филков нагласи, дела можеби е добар момент законските измени за Судскиот совет да бидат земени во предвид при дефинирањето на кандидатите кои ги предлага Претседателот, а ги избира Собранието, алудирајќи на фактот дека на 9 јули завшрува мандатот на еден од актуелните членови на Судскиот совет, кој е избран на предлог на претедателот на државата.
„Ова е нешто што е веќе разговарано и со почитуваната претседателка Гордана Сиљановска Давкова“, изјави Филков.
Судскиот совет, според Филков, е потребно да биде транспарентен и отчетен во својата работа, посочувајќи дека креирани се критериуми за избор и оценување, како и механизам за одговорност на членовите на Судскиот совет и на судиите.
Министерството за правда, нагласи Филков, изработи целосно нов Закон за Судски совет кој веќе е во владина процедура, кој, како што посочи е изготвен преку инклуизивен и траснпарентен процес, преку јавни дебати, експертски консултации и активно вклучување на сите релевантни чинители, а посебна потврда за ова е и позитивното мислење добиено од Венецијанската комисија.
„Не се работи за декларативен пристап, туку за суштинска промена насочена кон градење транспарентен, отчетен и професионален Судски совет“, порача Филков.
Во однос на реакцијата од Блупринт групата за изборот на Андреја Весов за член на програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители и дали ги исполнува условите, Филков рече „во моментов предлогот ќе го видиме, но јас сметам дека има подобрување во предлозите“.
„Како и досега сите забелешки од Блупринт групата ни се особено важни, затоа тие во моментов се вклучени и придонесуваат во осум од десет работни групи. Во однос на нивната забелешка, колегата Весов е на позиција и доаѓа како посебен раководител со повеќе од десет годишно искуство како адвокат, со положен правосуден испит, за разлика од претходната личност што беше делегирана од истата позиција од Министерство за правда“, рече Филков.
За тоа дали со ребаланост на Буџетот, има зголемување на средства за истражителите во Јавните обвинителства, Филков, рече средствата се хроничен проблем секаде и нормално е да се бара зголемување, но доколку „тоа биде оправдано, што значи треба да оди пропорционално и со резултатите од Јавното обвинителство“.
„Како дел од Реформската агенда и дел од акцискиот план бараме зголемување, односно враќање на коефициентите на платите, што сметам дека во овој момент е навистина доволно“, изјави Филков.
Прашан за став околу предлогот Собранието да има посебна полиција или обезбедување, Филков, рече дека треаб да ги види предлозите по што ќе може да изнесе став, посочувајќи дека за тоа веќе имаат договорено состанок со претседателот на Собранието кон крајот на неделава.