недела, 11 мај 2025

Владата ги повика синдикалците на средба, ССМ прашува до кога работниците ќе чекаат зголемување на платата

Сѐ уште трае средбата на претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Владата на која, како што беше кажано пред почетокот на состанокот, иако се повикани во Владата, немаат информација за што ќе се разговара. Сепак, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека ќе ја прашаат Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на платата.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да им кажеме на владините функционери дека едногласно донесовме одлука на јавната сендица на највисоките тела на ССМ дека доколку не ги зголемат минималната плата и сите останати плати и доколку 12,6 проценти не се зголемат платите во јавниот сектор, ќе треба да живеат на минималец“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Освен ССМ на средбата учествуваат и претставници на други синдикати.

Минималната плата согласно одлука на Владата е зголемена за 1.800 денари и сега изнесува 24.400 денари. Од ССМ бараат зголемување на минималната плата на ниво од 30.000 денари и зголемување на останатите плати имајќи ги предвид трошоците на живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ