„Се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус ‘Мајка Тереза’. Министерството за здравство во рок од три месеци го заврши процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на соодветните елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи, како и воведување софтверско решение за ефикасно управување“, соопшти владиниот портпарол, Венера Азизи.
Проектот, дополнуваат од Владата, ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот.






