среда, 11 март 2026

Влада: Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба

„Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска. Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба, за негови службени потреби, и во период од две години, само за 4 патувања во соседството“,информираат од Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Лицемерно е однесувањето на СДСМ и на лидерот Венко Филипче, кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно тоа го критикува. Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите што произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери“, посочуваат од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ