„Ова се должи на успешните економски политики на Владата. Нашата заложба е ова да продолжи, затоа носиме политики кои ја поттикнуваат економијата да се развива. Поголем пораст е забележан во секторите градежништво и стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 7,1%, како и информации и комуникации од 4,8%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7,1%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69%.
За разлика од претходните години кога македонската економија беше на дното целосно девалвирана, сега имаме целосно придвижување напред.
Се обврзавме и реализираме. За нова надеж за граѓаните и за Македонија која ќе биде држава со раст и развој. Македонија мора да оди напред, државата е на патот на промените“, се вели во соопштението на Владата.
Влада: Растот на БДП во првиот квартал е три пати поголем од лани
3,2 проценти е растот на БДП за првиот квартал од 2025 година покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со тоа Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економии во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска. Споредбено ова значи дека растот е поголем за три пати повеќе од лани, соопшти Владата.

Објавено на
часот