вторник, 9 декември 2025

Влада: Нема веќе „багатела“ јадење во владиното бифе

Нема веќе „багатела“ јадење на државна сметка, цените во владиното бифе се повисоки за 50 отсто, информира Ивица Томовски, дректорот на Службата за општи и заеднички работи. Томовски вели дека веќе нема да има непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на (СОЗР) на Владата.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во таквите дебати особено беа апострофирани собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните. Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50%“, информира Томовски.

Тој вели дека ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар.

Томовски најавува дека во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите.

„Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар,“ вели директорот на СОЗР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ