недела, 13 април 2025

Влада: Медицинските сестри добија зголемени плати за 6.200 денари

Владата значително ги зголеми платите на здравствените работници, медицински сестри, техничари и административен персонал.  Првото покачување беше со октомвриската плата во 2024 година, а со мартовската плата исплатена во април за сите вработени во јавниот здравствен сектор се зголеми за 2.500 денари. За само шест месеци од Владата платите во здравството достигнаа зголемување од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, додека за медицинските сестри изнесува дури 6.200 денари, соопшти Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Со ова покажавме дека се враќа достоинството на докторите и медицинските сестри кои се чувари на здравјето на граѓаните. Наша цел е подобрување на здравствените услуги и здравствената заштита на пациентите.
Преку дијалог со здравствените синдикати постигнавме историски договор за покачување на платите во здравството во следните четири години да достигне дури 50 проценти.
Со работа, труд и реформи носиме резултати кои значат поголема мотивација, посветеност, стабилност и квалитет во здравството. Продолжуваме да работиме во интерес на сите граѓани и конечно враќање на довербата на граѓаните во јавните здравствени услуги“, соопшти Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ