Како што информира денеска МВР, од вкупно 107, 106 возачи се казнети за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.
„На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, стои во соопштението.
Сообраќајните контроли ги спроведува Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи.