„Ова упатство, Агенцијата го донесе за да го појасни начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес“, се наведува во соопштението.
Вишиот управен суд оценил дека претходно донесеното решение на Управниот суд е правилно и законито и дека со него не е повреден законот на штета на политичката партија Левица.
„Со ова, како и со претходните решенија на Управниот суд и Основниот граѓански суд, уште еднаш се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и работи професионално“, велат од АВМУ.






