недела, 7 декември 2025

Винската елеганција на Пејрасол во срцето на Дебар Маало

Вчеравечер во ресторанот Сушико во скопско  Дебар Маало се одржа ексклузивната винска вечер „Peyrassol Wine Tasting and Food Pairing“, организирана од Aлхемист, официјалниот увозник на француската винарија Château Peyrassol.

Објавено на

часот

Сподели

На настанот присуствуваа љубители на премиум вина и пријатели на брендот. Вечерта започна во 19:30 часот со пијалок за добредојде, подготвен специјално да ја најави атмосферата на францускиот стил и гастрономија. Гостите имаа исклучителна можност да дегустираат четири внимателно селектирани вина од Peyrassol портфолиото: Château Peyrassol Rosé, Lou Rosé, Lou White и La Croix White.

Со својата експертиза вечерта ја отвори сомелиерот Јадранка Клариќ Кимовска, која ги воведе присутните во историјата на винаријата Peyrassol, позната по своите органски лозја. Специјални гости на настанот беа претставниците на винаријата, Karim Chauvin и Albin Cacaret, кои лично ги презентираа вината, зборувајќи за регионот Provence и препознатливиот стил на Peyrassol.

Кулинарскиот тим на Сушико подготви деликатесни комбинации кои им овозможија на гостите вистинско гастрономско доживување во хармонија со вината.
Програмата беше збогатена со музички сет на DJ, кој ја одржа атмосферата енергична и опуштена до самиот крај на вечерта.

Со оваа винска вечер, Алхемит (Alchemist) уште еднаш го потврди својот фокус кон врвни светски брендови, создавајќи уникатни моменти и нови вински искуства за македонската публика.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ