Еве што вели Трајков во реакцијата: „Извесни ликови под име Боби Илиевски и Герасим Лазов во текот на вчерашниот ден го објавуваат и споменуваат моето име во негативен контекст поврзувајќи ме со трети имиња за кои се води кривична постапка во моментот.
И ова не е првпат истите Боби и Герасим да се занимаваат со мене и да ме навредуваат на различни неосновани исплетени психопатски приказни за што имам докази! Сите овие објави содржат клевети изнесени против мене, сакајќи да ме навредите како човек и пред сѐ жена.
Затоа барам во рок од 48 часа да ми се извините и да ги отстраните сите текстови и постови на Фејсбук, Твитер и останати мрежи!
Во спротивно веќе нема да толерирам и ќе бидам приморана да поднесам тужба против вас пред Граѓанскиот суд во Скопје!“






