вторник, 20 мај 2025

Викторија Трајков: Изморени сме од ветувања и условувања од ЕУ, преку кои не сме подготвени да преминеме

Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети на Владата. Пред нас имаме зацртано една цел, а тоа е да сториме сè што е можно за да го реализираме сонот за европска Македонија, порача денеска заменик-министерката за европски прашања во Македонија, Викторија Трајков во своето обраќање за време на панел-дискусија на Академијата за европска интеграција (AEI) „Тркалезна маса – Патот на Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“.

Објавено на

часот

Сподели

Таа додаде дека со реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите ќе се олесни пристапниот процес во ЕУ.

„Свесни сме дека Унијата од нас очекува конкретни резултати и затоа сме подготвени да го вложиме нашиот целокупен човечки и институционален потенцијал за час поскоро да станеме дел од европското семејство. Изморени сме од ветувања и од условувања преку коишто не сме подготвени да преминеме. Новата влада постави црвена линија. Црвената линија е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација. Но, иако, предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ, ние немаме друг избор освен да продолжиме цврсто напред“, рече Трајков.

Дебатата на настанот ја отвори и модерираше професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Васко Наумовски, кој е поранешен вицепремиер за европски прашања и амбасадор во САД

На дискусијата свои пораки за предизвиците на ЕУ испратија и Марија Бергер, судијка од Европскиот суд на правдата, пратеникот од Европскиот парламент. Клаус Волфер кој е поранешен директор за Југоисточна Европа и проширување на ЕУ во МНР на Австрија. На дебатата учествуваше и Герхард Јарош, раководител за меѓународно кривично право во ЛГП-груп и поранешен заменик главен обвинител во Виена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ