понеделник, 8 декември 2025
Време

Викендов студено со врнежи од снег

Објавено на

часот

Сподели

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 3 степени.

Локални врнежи од снег, како што информира УХМР, ќе има и во недела претпладне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ