Активни се пожарите кај селата Дреново и Долно Јаболчиште во Општина Чашка, кај селата Црнилиште, Слепче и Гостиражни во Општина Долнени и во Општина Гевгелија, помеѓу Негорци и Кованец.
Викендов имаше 26 пожари, 9 се активни
Од вкупно 26 пожари, активни се уште девет, информираат од Центарот за управување со кризи. Најголемиот, пожарот на планината Серта се простира на три општини како четири самостојни пожари. Во Општина Неготино гори ниска вегетација и шума во атарот на селото Калањево, во Општина Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ гори борова шума, смрека и дабова шума гори во Општина Штип, кај месноста Патрик, кај селата Драгоево и Селце, месноста викана Хаџи Реџепли гори ниска вегетација и грмушки и над селото Бадилен, Ново Село, гори борова шума.

Објавено на
часот





