понеделник, 12 мај 2025

Видеото од кокаинот на Жан Железарски и кучката Цеца ги направија славни полицајците кои наместо да откриваат, помагаат во шверц на дрога

Надзорните камери во Казнено-поправната устанува во Штип го снимиле моментот кога автомобил се паркира пред затворот, фрла топка во која според директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов имало кокаин и марихуана и возилото заминува. По ова во дворот на затворот излегува осудениот Жан Железарски од Кочани во јавноста познат по случајот „Детонатор“, а и по заканите кон судијката Весна Димишкова дека ќе летне како гулаб. Во обидот да ја најде дрогата му помагаат затворски полицајци кои светат со батериски ламби. Видеото е објавено во продолжение.

Објавено на

часот

Сподели

Жан Железарски во 2013 година беше осуден на 14 и пол години затвор за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство и измама во случајот „Детонатор“.

Судијката Весна Димишкова тогаш откако ја објави пресудата јавно проговори дека добивала заканувачки пораки од некои обвинети без да ги именува – од тоа дека ќе летне како гулаб, па до тоа дека ќе биде исечкана на парчиња. Овие закани биле од Железарски.

„Да ви се заблагодарам за сите поздрави што ми ги пративте дека ќе летнам како гулаб, но јас и да не сум тука, предметот ќе остане во овој суд. Ако треба и ќе станам и ќе ви кажам дека не се плашам“, рече судијката Димишкова.

Поради закани кон судијката Димишкова дека ќе летне како гулаб и ќе биде исечкана на парчиња, Железарски во 2014 година доби затвор од две години за загрозување на сигурноста.

За него беше распишана меѓународна потерница откако избега во 2019 година, кога не се врати во затвор по добиено отсуство. Беше фатен на Косово и затворен во КПУ Штип каде се случи скандалот со шверцот на дрога во кои помагаат и затворски полицајци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ