Денеска се појави и видеото од овој „напад“ и „злосторство“ од кое се гледа дека едно непознато лице, без придружба, удира по стаклото од влезната врата во амбасадата. Очигледно е дека се работи за поединечен чин, без некоја позадина освен можеби незадоволството од постојаното негирање на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет од Бугарија или пак можеби се работи само за некаков личен револт. МВР соопшти дека работи на случајот.
Видео од „нападот“ и „злосторството“ врз бугарската амбасада
Ова е неприфатлив напад врз статусот на дипломатската мисија и грубо кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи…. Очекуваме надлежните органи ефикасно да се спротивстават на ваквите злосторства. Ова се се вели во реакцијата на Софија на скршеното стакло од Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Објавено на
часот





