недела, 14 декември 2025
По дефектот и повеќечасовниот прекин на вода

Долно Лисиче доби вода полна земја, Водовод советува: „Пуштете ги сите чешми да течат еден час, па јавете се пак“ (ВИДЕО)

По неколку часа Скопско Долно Лисиче доби вода, ама низ чешмите освен вода течеше и земја. Водата тече, ама не се бистри, па жителите се обратија за совет во ЈП „Водовод и канализација“. Дежурниот на телефонскиот број оставен за пријава на дефекти им рече вака: „Оставете си ги сите чешми отворени околу еден час, ако и тогаш имате проблем, јавете се пак“. На ова следеше заклучок дека тоа се многу кубици вода и прашање кој ќе ни ги плати сметките на толку потрошена вода, на што наместо одговор, жителите добија молк.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЈП „Водовод и канализација“ секојдневно има апели водата да се троши рационално бидејќи ќе нема за капење и пиење. Потрошувачката на вода во топлите летни денови е енормно висока, па затоа се апелира да не се полеваат улици.

Како што претходно објавивме, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ денес не знаеше кој направил прекин на водата во Скопско Долно Лисиче како со часови немаше вода. Жителите на ова место речиси секој втор ден со часови немаат вода, но за разлика од денес претходните денови екипи на „Водовод и Канализација“ работеа на терен.

На летните горештини се полнат буриња и се купува вода за да се помине денот. За капење се топли вода и секој се снаоѓа како умее, иако жителите на ова место се редовни плаќачи. Денес проблемот настана откако фирмата изведувач Пирамид билдинг солушн ДООЕЛ Скопје ангажирана од општина Аеродром за санација на водоводната мрежа денес ја дупнала цевката, па од „Водовод и канализација“ дојдоа да ја поправат направената штета.

Општина Аеродром на крајот на минатиот месец отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој, како што објавија, значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.

Долно Лисиче со години мака мачи со намален притисок особено по 15 часот до полноќ, кога водата наместо да тече, капе од чешмите. Сега кога се прави санација на водоводната мрежа овие луѓе кои постојано се без вода, мораат да имаат полни буриња и галони во исчекување кога следен ден со часови чешмите ќе бидат суви.

 

Фото и видео: МКД.мк

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ